четврток, 22 јуни 2017  |  Вести денес: 43

Што му подарил Бог на секој хороскопски знак кога го создавал?

galaksija-balkanspress-com_800

Последни вести

Секој знак носи одредени квалитети кои може да ги искористи за да си помогне себеси и на другите околу него. Да речеме дека Господ ги создавал хороскопските знаци еден по еден со намера секој да биде различен и предодреден да исполни одредена цел на Земјата. Имајќи ги предвид карактеристиките на хороскопските знаци, Господ би им ги поделил следниве важни задачи.

Овен

Тебе прв ти го давам ова семе за да ја имаш честа да го посееш пред сите останати. За секое семе кое ќе го посееш, во твојата рака ќе се размножат милион нови. Но, нема да имаш време да гледаш како секое семе расте, бидејќи ќе пораснат повеќе растенија од она што си планирал. Ти ќе бидеш првиот кој со мојата идеја ќе допре до умот на луѓето. Твојата работа нема да биде да ја негуваш таа идеја ниту да ја преиспитуваш, туку да ги правиш луѓето свесни за моето постоење. Твојот живот ќе биде акција, акција и само акција. Заради твојата посветена работа, ти подарувам самодоверба.

Бик

Ти подарувам моќ да создадеш семе од материјата. Ти доверувам голема работа која бара исклучителна трпеливост, бидејќи мораш да го довршиш она што си го започнал инаку семето ќе отиде во неповрат. Додека не ја довршиш својата задача немој да се преиспитуваш и да се потпираш на другите. Затоа ти подарувам сила, но мудро користи ја.

devojka-1445533662-71012

Близнаци

Тебе ти давам прашања без одговори за да ги споделиш со останатите со цел да го сфатат сѐ она што ги опкружува. Ти никогаш нема да знаеш што луѓето зборуваат или слушаат, но во нивната потрага по одговори ти ќе го најдеш мојот подарок –знаење.

Рак

Тебе те задолжувам да ги научиш луѓето за чувствата. Благодарение на мојата идеја, ти кај нив ќе предизвикаш смеење и солзи за да би сфатиле дека сѐ што гледаат и помислуваат настанува однатре, од длабочината на душата. Ти подарувам семејство за да можеш уште повеќе да ја покажеш својата исполнителност.

Лав

Твојата задача ќе биде да му укажеш на целиот свет за моето постоење во полн сјај. Сепак, морa да бидеш внимателен, не премногу горд и никогаш не заборавај дека јас сум оној кој го создаде светот и сѐ во него, а не ти. Доколку заборавиш, луѓето ќе те презираат. Работата која ти ја доделувам е забавна и радосна, но под услов да ја работиш правилно. Затоа ти подарувам чест.

Девица

Тебе ќе ти дадам задача да истражиш што направило целото човештво со она што го имам создадено. Треба да ги надгледуваш сите луѓе и да ги потсетуваш на нивните грешки. Заради тоа што ќе го направиш во мое име ти подарувам чистина на мислите.

horoskop-1390490984-25030

Вага

Твојата мисија ќе биде да служиш како пример на кој луѓето би се огледувале и според кој би се однесувале обѕирно кон останатите. На тој начин ќе научат дека сите мора да соработуваат заедно, но и да размислуваат како она што го прават може да влијае на другите. Ќе те поставам негде каде што има неслога, но за возврат ќе ти подарам љубов.

Скорпија

Ќе имаш многу тешка задача. Ќе знаеш што мислат другите, ќе можеш да продреш во нивниот ум, но јас нема да ти дозволам да зборуваш за она што тие го знаат. Ќе има многу случаи кога ќе те заболи она што ќе го видиш и во таа своја болка ќе се свртиш против мене и ќе заборавиш дека тоа не сум јас, туку некој изопачен облик на моите идеи кој предизвикува болка. Ќе видиш многу нешта, како луѓето се однесуваат како животни, па и самата ќе се бориш со она животинското во себе и ќе се изгубиш, но кога конечно ќе се вратиш на вистинскиот пат, и ќе се свртиш повторно кон мене, ќе ти подарам возвишена цел.

Стрелец

Од тебе барам да ги научиш луѓето да се смеат како не би постанале огорчени бидејќи не ја разбираат мојата идеја. Благодарение на насмевката ќе им подариш надеж, а таа надеж ќе ги поттикне својот поглед повторно да го свртат кон мене. Ќе влијаеш на многу животи, макар и на момент, но ќе спознаеш и немир, кој постои во секој човек. Затоа ти подарувам бесконечна благосостојба која ќе можеш да ја шириш насекаде и со светлина да го допреш секое ќоше во кое владее мрак.

Јарец

Твојата задача нема да биде ни малку лесна бидејќи ќе мора да ги подучиш луѓето да работат. Често ќе ја носиш сета грижа на светот на своите рамена, бидејќи тој товар ја содржи одговорноста на твоите браќа и сестри, која ја ставив во твоите раце.

devojka-sa-sesirom-1424081064-54595

Водолија

Тебе ти го подарувам концептот на иднината како луѓето би увиделе дека имаат неколку можности во животот. Ќе чувствуваш болка заради твојата осаменост, бидејќи не сум ти дозволил да ја персонифицираш мојата љубов. Но, затоа што на луѓето ќе им обрнуваш внимание на фактот дека постојат нови можности за нив, ти подарувам слобода да можеш да продолжиш да му помагаш на човештвото каде што твојата помош ќе биде потребна.

Риби

Тебе ти ја давам најтешката задача од сите. Ќе ја собираш сета тага на овој свет и ќе ми ја враќаш мене. Твоите солзи на крајот ќе бидат само мои. Благодарение на тие солзи ќе го апсорбираш влијанието на човековото неразбирање на моите идеи, но ќе сочувствуваш со нив и ќе ги натераш сепак да се обидат да ги сфатат. Бидејќи ја имаш најтешката задача, тебе ќе ти го дадам најголемиот дар – ти ќе бидеш единственото дете од дванаесетмината кое ќе ме разбере. Овој дар на разбирање ти го давам бидејќи ќе ти значи кога ќе се обидеш да го рашириш меѓу луѓето и кога тие нема да сакаат да слушаат.

Најчитани вести