Што ни носи ретроградниот Марс во Скорпија: Страст, посесивност и расправии

Овен

Вашиот владетел Марс, симболот на сексапилноста во предизвикувачки аспект со Уран во вашиот знак ви носи  возбудувања на љубовен план, а можна е и страсна средба со некоја харизматична личност.

Бик

Опозицијата меѓу планетата на конфликти во стролошкото поле на љубовта и Меркур во вашиот знак ве предупредува да се држите настрана од конфликти со партнерот и со помладите членови во семејството.

Близнаци

Аспектите на Марс, владетелот на стролошката куќа на работата и на неочекуваните околности ве предупредуваат да бидете повнимателни додека возите, особено ако често патувате. Избегнувајте непотребни трошоци.

Рак

Планетата на акцијата во напнат аспект со Уран во астролошкото поле на кариерата и ослабениот Меркур во Бик не влијае поволно на вашата бизнис ситуација, особено ако сте уметник или спортист.

Лав

Аспектите на планетата на конфликти Марс со Уран и со Меркур ве предупредуваат да обрнете повеќе внимание кога потпишувате договори и договори со странци, особено ако се занимавате со приватен бизнис.

Девица

Напнатиот аспект меѓу Марс и вашиот владетел Меркур, планетата на бизнисот ве предупредува да бидете повнимателни додека возите како и да  водите повеќе сметка за вредните предмети.

Вага

Марс, владетелот на полето на љубовта во предизвикувачки аспект со Уран навестува страсна средба со некоја Водолија или со Близнаци. Избегнувајте непотребни трошоци.

Скорпија

Со вашиот владетел Марс во полето на личноста, вие сте вистински магнет за спротивниот пол, а ве очекуваат нови средби и познанства со интересни личности. Избегнувајте непотребни трошоци.

Стрелец

Планетата на иницијативата, Марс во вашата астролошка куќа на потсвеста и на тајните, навестува можност за вљубување во некоја зафатена личност. Чувајте се од лицата што можеби ви работат зад грб.

Јарец

Поради позицијата на Марс во напнат аспект со еден од вашите владетели Уран, во астролошката куќа на неочекувани околности, би требало да избегнувате непотребни трошоци.

Водолија

Планетата на акцијата во вашето астролошко поле на кариерата, во напнат аспекти со вашиот владетел Уран, симболот на ризикот, ве опоменува да водите повеќе сметка за финансиите.

Риби

Симболот на сексуалноста Марс е во сесквиквадрат, неповолен аспект со вашиот владетел НЕптун, односно планетата на занесот во вашиот знак, а ви носи страсна средба со некоја зафатена личност.