среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 51

Што носи месец ноември во љубовта? Водолиите ќе се вљубат во постара личност, Стрелците ќе се расправаат…

ljubov-horoskop

Последни вести

Љубовниот хороскоп за ноември 2016-та година ни носи многу изненадувања на полето на љубовта, емоциите, симпатиите и романтичните моменти, но и прекини на врските и нови љубовни искуства.

Овен

Компромисот дефинитивно е главен збор кога се во прашање Овните, како и сè она што ќе се случува на љубовен план во месец ноември. Бидете подготвени за прилагодување, бидејќи само така ќе постигнете успеси. Ве очекуваат доста убави моменти и одлични сексуални моменти, па ќе бидете задоволни со она што ви се случува во моментот. Бидете внимателни со партнерот, а посебно внимавајте на комуникацијата со него, за да ги избегнете проблемите и расправиите кои не ги посакувате. Новите љубовни врски ќе донесат многу убави моменти на слободните Овни.

Бик

Биковите ќе бидат емотивни и чувствителни во текот на овој месец и секако, сето тоа многу ќе влијае на нивните односи, како на пријателските и семејните, така и на љубовните. Ќе се зближите со партнерот, што секако, тоа многу ќе ви одговара, бидејќи така уште подобро ќе се запознаете. Покрај сето тоа, вашиот сексуален живот ќе се подобри. Слободните Бикови можат да се подготват за нови случувања на љубовно поле, посебно кога се пријателствата во прашање, бидејќи истите можат да се претворат во нешто повеќе.

Близнаци

Близнаците во суштина имаат еден добар период кога е во прашање љубовта, само треба да внимаваат на комуникацијата и на начинот на кој се обраќаат на партнерот. За да не дојдете до нешто што вас не ви одговара и да не си создадете непотребни проблеми, внимавајте на изговорените зборови и постапките. Доаѓа интересен период за сите слободни Близнаци, бидејќи ќе имаат можност да запознаат некоја интересна личност со која ќе посакаат и траен однос. Внимавајте, бидете смирени и трпеливи при донесувањето на одлуки за да не погрешите.

Рак

За многу припадници на овој хороскопски знак доаѓа мирен период. Ако сте слободни, така ќе сакате и да ви остане ситуацијата за да можете повеќе да се посветите на семејството, пријателите и најблиските луѓе кои ги гледате секојдневно. Токму тоа ви е најпотребно во овој момент и нема да се обидувате да градите нова врска. Меѓутоа, еднаш што ќе се најдете во пријатно опкружување, ќе се исполните со позитивна енергија и нема да останете незабележани од спротивниот пол. Ако сте во врска, ќе имате малку тешкотии, но истите брзо ќе ги решите благодарение на трпеливоста и толеранцијата.

Лав

Периодов не ви беше баш најзадоволителен, барем не кога е во прашање љубовта, но сето тоа многу брзо ќе се реши и поправи. Ако со партнерот сте имале проблеми, ова е одличен момент да ги решите и така да си го подобрите односот во врската за потполно да бидете задоволни. Кај оние кои се во врска сè повеќе ќе се враќа позитивната состојба. Слободните Лавови ќе имаат можност за запознаат некоја интересна личност, па и да започнат поквалитетен однос со таа личност.

Девица

Наредниот период ќе биде одбележан со добар однос со партнерот, па ќе бидете многу задоволни од својата емотивна состојба. Вашите спонтаност и непосредност посебно добро ќе влијаат на вашиот љубовен живот, а тоа секако и понатаму позитивно ќе влијае на сите останати случувања. Ако сте слободни, излегувајте и уживајте – ве очекува нешто ново и интересно. Флерт ќе ве очекува насекаде, а тоа секако, ќе ви годи.

Вага

Вагите ги чекаат бројни промени кога е во прашање љубовта. Ќе посакате вашиот партнер да биде одговорен, посветен и да ги споделува вашите размислувања, а ако тоа не се случи, ќе бидете разочарани. Ќе ви се вртат во главата бројни прашања во врска со партнерот и врската. Но, немојте премногу да се опседнувате со негативните работи, потрудете се да се релаксирате, бидејќи сè ќе се реши и ќе си дојде на свое место. Баш тој „студен“ став ќе ве направи попривлечни кај партнерот, а тоа дополнително ќе ве зближи.

Скорпија

Скорпиите целата своја сила ќе ја вложуваат во љубовните односи и емоциите, па нормално, тоа ќе влијае на подобрување на врската со партнерот. Овој месец посебно ќе уживате во љубовта. Ако не сте во врска и сè уште сте во потрага по вистинската личност, имајте на ум дека искреноста многу ќе ви помогне при искажувањето на емоциите. Ако некој ви се допаѓа, отворено кажете го тоа. Сигурно ќе успеете, потребен е само еден чекор да направите.

Стрелец

Страственоста и силните емоции доста ќе влијаат на вашиот однос со партнерот. Доколку е тоа потребно, остро ќе се расправате со некого за саканата личност и спротивно, ако партнерот направи нешто и тоа не ви се допаѓа, нема да премолчите и да останете смирени. Слободните Стрелци ќе бидат воздржани во изразувањето на емоциите. Премногу ќе ја прашуваат и истражуваат личноста која им се допаѓа, па тоа може и да ја избрка. Бидете малку посмирени и не влегувајте тактички во љубовта. Дозволете страста да завладее.

Јарец

Ве очекува период со многу дружба, бидејќи само така ќе се чувствувате најдобро. Најмногу ќе водите сметка на тоа да имате активен друштвен живот, да бидете покрај пријателите, а можни се и нови познанства. Ако посакате, некое ново пријателство може и да премине во нешто посериозно. Јарците кои се во врска ќе имаат добри односи со партнерот, ќе имаат доста романтични моменти, а и сексуалниот живот ќе им се подобри.

Водолија

Водолиите ќе имаат потреба да размислуваат за некои идни планови со партнерот, а тоа доста ќе го зацврсти односот, бидејќи и двајцата ќе имаат исти животни цели. Можеби во моментот тоа ќе ги залади страсните односи меѓу вас, но тоа воопшто нема да штети на вашата врска. Ако сакате одмор, можете да заминете на кратко патување со партнерот и да заборавите на проблемите. Слободните Водолии ги следи интересен период, бидејќи ги очекува невообичаен однос со постара личност или врска на далечина.

Риби

Ако имате мали проблеми во врската, запрашајте се дали истите сте ги имале и во минатото и како можете да ги решите. Не дозволувајте истите да влијаат на вашиот однос, туку само сетете се како сте реагирале и како треба исправно да постапите за да ги поправите грешките. Ако не сте во врска, ќе ве заинтересира личност за која пријателите и семејството нема да ве поддржат. Ќе бидете меѓу овие две страни, бидејќи од една страна ќе ви биде важно мислењето на семејството, а од друга страна, ќе сакате да бидете покрај личноста која ве привлекува. Но, ова не е поволен момент за врска.

Најчитани вести