Магазин

Што носи Венера во знакот на Овен вo април?

Што носи Венера во знакот на Овен вo април?

Венера во Овен овој април носи акција, борба, предизвици, желба за повторно заведување…

Страствена е и бара некој кој ќе и скокне во прегратка, кој ќе и ја подари сета своја љубов, но овој пат тој некој мора да биде навистина храбар, силен, енергичен, со витешко срце…

Страстите се во воздухот и во овој период носат акција, борба, предизвици, желба за повторно заведување. Венера ќе има аспекти со Марс, Сатурн, Плутон и Уран, така што ќе може да очекуваме разни ситуации – девојките ќе освојуваат со својата појава, а момчињата со шармот, убавите гетови и подароците. Ова е многу нетрпелива и нетактична Венера.

Брзо по влегувањето во Овен, Венера прави тригон со Марс, што само потврдува дека не чека страствен период во кој се наоѓа многу храброст и акција. Лесно се заминува на пат, во странство, лесно се склопуваат познанства, се е динамично и брзо. Секако ова е поволно време за нова љубов, но само за оние спремни за акција.

Во периодот од 17. до 26. aприл Уран ја буди потребата за промена, бунт, ослободување од старото и досадното.

Овој период носи немир и желба за новитети, за нешто непознато. Се ризикува, се става се на коцка. Од друга страна сомничавиот Плутон довикува дека се може да пропадне, се заканува со несигурност, страв, распад на системот. Секако, ова е време кога односите може да се трансформираат и да се насочат кон подобро.

Низ целиот пат на Венера во Овен, Меркур е во Бик, па подвриените страсти, комуникацијата, дипломатијата и говорот сепак ќе бидат нежни и сочни.

Освен сите видови на односи, а најмногу љубовните, Венера може да се поврзе со финансиите, уметноста, дипломатијата, политиката, јавното делување, па овој аспект може да се преслика на различнои подрачја. Венера е планетата која владее со знакот на Бик и Вага, па овој период може најмногу да го почуствуваат Биковите и Вагите или оние кои се подзнак во овие знаци.