четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Што откриваат вашите електронски пораки за вас?

Организацијата на вашата електронска пошта може многу да каже за вашата личност. Така според истражувањата, било докажано дека оние што ги архивираат старите имејлови можеби имаат поголема потреба за контрола и ред во својот живот.

elektronska-poshta

Поврзани вести

Организацијата на вашата електронска пошта може многу да каже за вашата личност. Така според истражувањата, било докажано дека оние што ги архивираат старите имејлови можеби имаат поголема потреба за контрола и ред во својот живот.

Оние што ги подготвуваат имејловите, што значи дека ги читаат, но не ги бришат, може да бидат перфекционисти што сметаат дека ќе се посветат на решавање на тие пораки подоцна. Оние пак што ги оставаат електронските пораки непрочитани, без архивирање или бришење, можеби се чувствуваат пренатрупани.

Исто така, начинот на пишување на имејлови би можел да ви даде увид во карактеристиките на личноста што ви ги праќа.

Повеќе веројатно е дека екстровертите, освен за работата, приказната ќе ја свртат и на поубавата страна на животот, па освен за нарачката што треба да им ја пратите ќе ве прашаат и за венчавката каде сте се сретнале минатиот викенд. Нарцисите пак ќе разговараат само за себе, ставајќи ги зборовите од типот „јас“ и „мое“ во прв план.

Најчитани вести