СТО постигна глобален трговски договор

„Така е договорено“, изјави министерот за трговија за Индонезија, Гита Вирџаван, на конференција на СТО на Бали, по тешките преговори кои траеле до раните утрински часови.

Повеќедневните разговори резултирале со првиот глобален трговски договор на СТО од нејзиното основање во 1995 година.

Овој договор предвидува намалување на царинските бариери, за кои одредени економисти оценуваат дека би можело да придонесе за економски раст вреден 1.000 милијарди долари.