четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 5

Што предвидува член 50 од Лисабонскиот договор во случај на излез на земјата од ЕУ

Неопходно е ЕУ во скоро време да ја пополни празнината од седум милијарди евра во годишниот буџет од 145 милијарди евра, што е определен до 2020 година, откако ќе ги изгуби придонесите од Велика Британија и во исто време да го заштеди она кое земјата го повлекува од сметките на заедницата.

Што предвидува член 50 од Лисабонскиот договор во случај на излез на земјата од ЕУ

Што предвидува член 50 од Лисабонскиот договор во случај на излез на земјата од ЕУ

Поврзани вести

Европската Унија е во шок по резултатите од референдумот во Велика Британија.

Досега ниту една членка ја нема напуштено Унијата, а членот 50 од Лисабонскиот договор, кој укажува како едно држава може да излезе од блокот, не дава многу детали, објави МИА.

Тој претставува шематска правна рамка за двегодишен перидот на напуштање, но мнозинството стравува дека процесот брзо може да стане тортура, уништувајќи ја економијата и односите во заедницата.

Според член 50 од Лисабонскиот договор, земјата-членка, која ќе реши да ја напушти ЕУ, треба да го извести Европскиот совет за својата намера.

Заедницата треба да преговара и да склучи договор со државата, кој ќе ги содржи условите за нејзиното напуштање и да бидат земени предив идните односи со Унијата.

Договорот треба да биде склучен од Советот на ЕУ и одобрен со квалификуваното мнозинство.

Член 50 предвидува договорите на ЕУ да престанат да се применуваат за соодветната земја од датумот на стапување во сила на договорот за напуштање или во случај ако тоа не се случи – две години по одлуката за истапување, освен ако Европскиот совет во согласност со земјата-членка не прифати едногодишно решение за продолжување на тој период.

Во одредбата се предвидува членот на Европскиот совет или Советот на ЕУ, од земјата што сака да го напушти блокот да не учествува во дискусиите или во донесувањето на одлуките.

Неопходно е ЕУ во скоро време да ја пополни празнината од седум милијарди евра во годишниот буџет од 145 милијарди евра, што е определен до 2020 година, откако ќе ги изгуби придонесите од Велика Британија и во исто време да го заштеди она кое земјата го повлекува од сметките на заедницата.

ЕУ ќе сака што поскоро да се одреди статусот на физичките и правните лица, кои во моментов ги користат правата да тргуваат, работат и живеат од двете страни на идната граница меѓу Велика Беританија и ЕУ.

Велика Британија најверојатно ќе се откаже од шестмесечното претседавање со ЕУ, кое е планирано да започне во јули следната година.

Нејзиното место може да го заземе Естонија или евентуално Малта или Хрватска.

Најчитани вести