четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 29

Што сакаат мажите по сексот?

Seks-tokom-trudnoce

Поврзани вести

По сексот, жените сакаат да разменуваат нежност и прегратки. А, дали понекогаш сте се прашале што е тоа што го сакаат мажите? Да спијат? Не. Да станат и да гледаат ТВ или да испушат цигара? И овде одговорот е негативен. Мажите се многу поемотивни од што мислите.

Колку и да верувате дека не сакаат да се галат и да разменуваат нежност, се лажете. Неколку работи можете да му ги направите на својот партнер по сексот, а кои уште повеќе ќе го разнежнат и испратат на седмо небо.

Дадете му комплимент

Потенцирајте ги секс-позите кои ви се допаднале и гарантирано ќе ги повтори. Малку комплименти никому не штетат, а за возврат ќе го одржите буден и ќе му ја пробудете желбата за докажување.

Истуширајте се заедно

Уживајте во млаз топла вода која ги гали вашите припиени тела, галете се, масирајте се и бакнувајте се. Докажано е дека топлата вода ја продолжува возбудата и го подобрува протокот на крвта.

Мсирајте го

Само затоа што сексот завршил, не значи дека рацете треба да престанат да работат. Масирањето е идеална прилика и понатаму да останете во физички контакт.

Припијте се до него

Жените обожаваат кога по сексот се гушкаат и галат, а докажано е дека е мит е дека мажите во тоа не уживаат. Најголемиот број на мажи сакаат да почувствуваат блискост по сексот, затоа оставете му простор да се намести, а потоа приближете му се.

Мастурбирајте

Дајте му до знаење дека ви било супер и дека сакате да повторите. Без разлика на тоа сака ли да го прифати повикот или не, имајте предвид дека мажите сакаат да ги гледаат жените како се самозадоволуваат, тоа ги возбудува.

Најчитани вести