Што се крие зад сините очи?

Што се крие зад сините очи? Научниците ги истражувале гените на околу 800 лица со сини очи и откриле дека 99.5 отсто од нив ја имаат истата мутација.

Научниците откриле некои чудни факти за луѓето со сини очи кои датираат уште од пред 10.000 години, а можеби и нема да ви се допаднат.

Имено, сите луѓе некогаш одамна имале темни очи, но Универзитетот во Копенхаген тврди дека сите луѓе со сини очи имаат исти предок. Со други зборови тоа значи дека сите тие се роднини.

Научниците ги истражувале гените на околу 800 лица со сини очи и откриле дека 99.5 отсто од нив ја имаат истата мутација, односно, истиот генетски материјал, како што е случајот со роднините.

Тоа значи дека се тргнало од една личност.

Што се крие зад сините очи?
Што се крие зад сините очи?

Кај луѓето со темни очи ова не е случај, затоа што има голем број на варијации во гените. Инаку за синооките има уште една интересна работа. Постои теорија дека очите со сина боја заживеале затоа што тие луѓе биле попривлечни и полесно ги бирале партнерите.

Бојата на очите еволутивно се променила пред бојата на кожата. Тоа значи дека луѓето со потемен тен од Африка можеле да имаат сини очи.