Што се крие во сунѓерот за миење садови

Околу 90 отсто сунѓери за миење садови во домаќинството, содржат висока концентрација бактерии, а 10 отсто не се препорачливи за употреба поради здравствени причини или болестите што може да ги прошират. Факт е дека сунѓерот за миење садови е дом на голем број бактерии.

Повеќе од 85 отсто од лицата не го мијат доволно сунѓерот на висока температура за да ги уништат бактериите што остануваат на него, според британските експерти за „ Global Hygiene Council“.

Врз основа на нивните истражувања, сунѓерите за миење садови содржат шест пати повеќе бактерии од кваката на вратата на тоалетот, што се главен извор на болести и зарази.

Сунѓерите се рај за бактериите затоа што се постојано мокри, а тоа е одлична средина за развој на бактериите.

Околу седум отсто од сунѓерите содржат повеќе од една милијарда бактерии, 60 отсто ја содржат опасната ешерихија коли, а 25 отсто имаат висока концентрација на бактеријата псеудомонас, што се поврзува со инфекцијата на очите и кожата.

За да се избегнат овие ризици што сунѓењрите за миење садови може да ги предизвикаат, следете ги следните совети:

  • По секое миење садови измијте го сунѓерот со жешка вода и измијте го со антибактериски детергент на секои два дена;
  • Менувајте го сунѓерот на секои две недели;
  • Можете да го користите и подолго ако го исперете на температура повисока од 60 степени во машина за миење садови;
  • Кога ги чистите работните површини, наместо со сунѓер, користете, антибактериски шамивчиња.