Што се’ лекуваат портокалите?

Портокалот е исклучително вкусен, а воедно и здрав. Ова јужно вошје, кое кај нас го има во текот на целата година е богато со витамин Ц, Б, Е, провитаминот А, како и со минерали како калциум, магнезиум, калиум и фосфор.

Портокалот е богат и со олигоелементи, но и шеќери, кои на организмот му даваат енергија, со тоа што витаминот Ц помага во согорувањето. Витаминот Ц го зајакнува одрамбениот систем на организмот, го забрзува зараснувањето на раните и помага при неутрализација на слободните радикали.

Најновите истражувања покажуваат дека еден портокал дневно може да биде успешна заштитаод појава на некои облици на карцином.

Исто така портокалите се моќен сојузник во борбата против кардиоваскуларните заболувања, бидејќи содржат најголем процент антиоксиданси од сите овошја. Благодарејќи на минералите и хемиските соединенија кои ги содржат портокалите спречуваат создавање на тромбиви, кои можат да доведат до срцев или мозочен удар. Експертите тврдат дека портокалот го намалува задебелувањето на крвните садови за дури 30 отсто.

Портокалите го намалуваат влијанието на токсините кои се лачат кога организмот е под стрес и на овој начин ја намалуваат можноста за оштетување на нервните клетки. Исто така со редовното конзумирање на портокалите вашата коса ќе биде појака и поеластична, а ноктите сјајни и цврсти.

Одредени истражувања докажале дека витаминот Ц ја штити семената течност кај мажите и спречува генетски оштетувања кои можат да доведат до одредени мани кај новороденчето.

Сокот од портокал е поефикасен и штити од респираторни инфекции. Против настинката се препорачуваат четири чаши сок од портокал дневно, се додека состојбата не се подобри.

Етеричното масло од портокал пак, е редовна состојка на ароматераписките масла за отстранување на целулит, при што се регенерираат и клетките на кожата, а особено е пријатно за сувата кожа.