Што се можете да добиете бесплатно во хотелите?

Интернетот и чоколадните бомбони на перницата не се единствените бесплатни работи што хотелите во светот ви ги нудат.

Одредени хотели во својата понуда имаат и бесплатни тренинзи, комплетна опрема за плажа и за лична хигиена, со цел на гостите да им пружат единствено и незаборавно искуство.

Поголемиот дел хотели за посетителите имаат на располагање и антиалергиски перници. Тие обично не влегуваат во сотавниот дел на постелнината, но затоа на гостите им е овозможено дури пред доаѓањето да си резеревираат.

Доколку гостите на хотелот не сакаат дополнително да плаќаат за изнајмување лежалки и чадори или едноставно заборавиле да земат крпа за плажа, голем  број хотели со 4 ѕвездички на гостите им нудат комплетно бесплатна опрема за плажа.

Хотелите и одмаралиштата со теретани, покрај бесплатниот пристап до теретаната нудат и бесплатни часови по јога, зумба, како и целодневни третмани, за сите оние што сакаат да останат во топ форма.

Љубителите на велосипеди може да бираат помеѓу големиот број хотели во Европа што нудат целосно бесплатни услуги за изнајмување на овие превозни средства, за на необичен начин да го разгледаат градот и да уживаат во него.

Во некои други хотели можете да позајмите книги додека престојувате во нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.