Што се случило со исчезнатиот индонезиски авион?

Што се случило со исчезнатиот индонезиски авион?
Што се случило со исчезнатиот индонезиски авион?

Потрагата по исчезнатиот патнички авион на индонезиската компанија „Тригана ер“, кој денеска изгуби контакт со контролата на летање, е прекината поради мрак и ќе продолжи утре изутрина, изјавиле спасувачките екипи, пренесе МИА.

Според анонимен извор од авиокомпанијата, овој авион, кој сообраќал на национална релација, удрил во планина, при што сите патници и членови на екипажот загинале.
Според анонимен извор од авиокомпанијата, овој авион, кој сообраќал на национална релација, удрил во планина, при што сите патници и членови на екипажот загинале.

Според анонимен извор од авиокомпанијата, овој авион, кој сообраќал на национална релација, удрил во планина, при што сите патници и членови на екипажот загинале. Засега нема потврда за оваа информација.

Поради лошите временски услови и намалената видливост потрагата морала да биде прекината, имајќи предвид дека станува збор за планинска област.

Авионот „ATR 42“, во кој се наоѓале 54 патници, меѓу кои и пет деца, и членови на екипажот, исчезнал од радарите додека се наоѓал над реон на источната индонезиска провинција Папуа.

Шефот на индонезиската Национална управа за потрага и спасување, Бамбанг Соелисто потврди дека е изгубен контактот со авионот.

Не сме сигурни што се случило со авионот и соработуваме со локалните власти, изјави портпарол на индонезиското Министерство за внатрешни работи.

Авионот летал од аеродромот „Сентани“ во Џајапура, престолнина на провинцијата Папуа, до јужниот град Оксибил. Летот требал да трае околу 45 минути.