Што се случува ако голтнеме гума за џвакање?

Секој од нас за време на детството има слушнато разни приказни за тоа што би можело да ни се случи ако голтнеме гума за џвакање. Почнувајќи од митот дека може да ни остане во стомакот до седум години, па се до митот дека може да имаме проблеми со цревата.

Мастиката се обработува како секоја друга храна, но побавно

Екипата од Вандерполис се одлучи да истражи што всушност се случува во нашиот систем за варење кога ќе голтнеме гума за џвакање. И излегува дека нашиот систем за варење ја обработува како и секоја друга храна. Шеќерот или засладувачите веднаш се разложуваат додека останатите материи се варат, па нашиот организам од нив ги зема хранливите материи, ако ги има, а остатокот го исфрлува од телото.

Гумата за џвакање не се задржува во нашето тело, само нејзината база т.е. ресинот, нешто побавно се вари, бидејќи нејзините материи се поотпорни. Лекарите проценуваат дека всушност на телото му требаат околу 48 часа таа гума за џвакање да ја исфрли од системот за варење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.