четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 42

Што се случува кога ќе престанете да носите високи потпетици?

Некои жени воопшто не сакаат чевли со високи потпетици, а многу неможат да го замислат животот без штикли. Научно е докажано дека воопшто не е здраво постојано да се носат чевли со висока потпетица затоа што таквите чевли му наштетуваат на грбот и на нозете, па на жените што често ги носат им се советува сепак малку да одморат од нив.

potpetici

Поврзани вести

stikli-baletanki

Кога, и ако воопшто, се одлучат за одмор на нозете од високите потпетици, тогаш припадничките на понежниот пол може да очекуваат некои одредени здравствени подобрувања.

Стопалата болат помалку, но петиците повеќе

Со често носење на чевли со високи потпетици постепено се скратува ахуиловата тетива која што ја поврзува петицата и листот на ногата. Кога жената ќе престане да носи штикли, некое време ќе чувствува неудобна болка во петицата се додека Ахиловата тетива повторно не дојде на своето место.

Стопалата изгледаат поубаво

Жените што носат високи потпетици често немаат убави стопала. Во неудобните чевли стопалата и прстите почнуваат да се деформираат, а исто така голем проблем се и плускавците и другите рани. Со избегнување на високите штикли стопалата добиваат прилика да се регенерираат и повторно да станат убави.

Нема болки во грбот

Поради неприродната положба во која што се наоѓа ’рбетот додека носите високи потпетици, често се јавува болката во лумбалниот дел на телото. Сепак, кога ќе ги соблечете чевлите на штикла, ’рбетот се враќа во првобитната положба и неудобноста полека исчезнува.

Мошне едноставно: нема штикли- нема болка!

Најчитани вести