Што се случува со косата кога се сончате во солариум?

Изложувањето на косата на УВ зраци во солариумит, исто како и при изложувањето на косата на сонце доведува до прекин на протеинските врски во влакното и до сушење на косата која станува крута и нееластична, а притоа осветлува, односно ја губи пигментацијата.

Овие несакани ефекти секако се непсоредливо поголеми кога косата е изложена на сонце, пред се поради долгиот временски период што го поминуваме во сончање на плажа во однос на она што го поминуваме во солариум.

Сепак, не треба да дозволите косата да ви се оштети во солариум и доволно е само да ставите капа за туширање или да ја завиткате во крпа. Доколку немате навика да ја заштитите косата, тогаш по солариумот ставете маска или регенератор за да и’ се врати свежината.

Ако спаѓате во оние што во солариумот се подготвуваат за одење на плажа, т.е. ако веќе однапред знаете дека косата ќе ви биде изложена на голем стрес подолг период, внимавајте на неа од самиот почеток.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.