понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 59

Што се случува со вашето тело ако само вдишувате мирис на рузмарин?

За соединенија кои се наоѓаат во рузмаринот се смета дека го спречуваат распаѓањето на ацетилхолинот, хемикалија која ги стимулира мозочните клетки, кои се одговорни за меморијата и размислувањата, да комуницираат една со друга.

rosemary-7560-650x396

Последни вести

Рузмаринот содржи природни киселини кои помагаат во заштитата на телесните клетки и на ДНК од слободните радикали.

За соединенија кои се наоѓаат во рузмаринот се смета дека го спречуваат распаѓањето на ацетилхолинот, хемикалија која ги стимулира мозочните клетки, кои се одговорни за меморијата и размислувањата, да комуницираат една со друга.

Во серијата на тестови на етеричното масло од рузмарин ја подобрило меморијата кај лицата што требало да изршат задачи во блиска иднина за околу 60 до 70% во споредба со оние кои не биле изложени на мирисот на маслото.

Една студија објавена во научното списание Therapeutic Advances in Psichopharmacology укажува на тоа дека хемиското соединение 1,8-цинеол е одговорно за подобрување на мемориската функција.

Според истражувањето, испитаниците вдишувале екстракт од рузмарин пред извршување на одредени задачи, а во тоа време биле тестирани нивното ниво на стрес, расположение, брзина и прецизност. Колку поголема количина на 1,8-цинеол се апсорбирала во крвотокот, имало повеќе позитивни резултати!

Во модерната природна медицина рузмаринот се користи како благ аналгетик за мигрена и дигестивни проблеми.

Најчитани вести