Што содржат белешките на стрелецот од Лас Вегас

© AP Photo/John Locher

Белешките најдени во хотелската соба на стрелецот кој во Лас Вегас кој уби 59 лица и рани над 500 луѓе, содржат пресметки за позициите кои се најдобри за да може да застрела што е можно повеќе луѓе, објави телевизиската мрежа CBS News.

Новите детали за случајот во емисијата на телевизијата го открија четворица полициски службеници коишто учествувале во упадот во хотелската соба на 64-годишниот Стивен Педок и први го виделе неговото тело откако се застрелал при нивниот обид да провалат во собата и оружјето со коешто располагал.

Полицискиот офицер Дејв Њутон, притоа потенцира дека забележал белешка на ноќната масичка крај креветот, поставено крај прозорецот кој стрелецот го скршил со помош на голем чекан кој незабележано го внел во хотелот во кој отседнал неколку дена претходно. Претходно беше објавено дека прозорците на 32-от кат од хотелот „Mandalay Bay“ не може да се отворат однатре.

„Видов дека во него (бележникот) го запишал растојанието, височината, на којашто се наоѓал. Запишал и пресметал, со цел да дознае од каде да стрела за да ги погоди своите цели“, соопшти полицаецот.

Истовремено агенцијата Associated Press, повикувајќи се на свои полициски извори, ја пренесе потврдата за содржината на белешките најдени во хотелската соба на масовниот убиец од Лас Вегас. Соговорникот на агенцијата потврдил дека бележникот е најден на масата крај креветот и оти во него имало податоци за оддалеченоста на хотелскиот прозорец до концертната сцена, што би му го олеснило гаѓањето на посетителите на музичкиот фестивал „Route 91 Harvest“.

Претходно медиумите шпекулираа дека белешките можеби се претсмртна порака на Педок пред да го изврши самоубиството, но шерифот на Лас Вегас, Џозеф Ломбардо категорички ја отфрли таквата верзија. Притоа тој одби да ја открие содржината на најдените белешки.

 

Во масакрот од минатата недела загинаа 59 лица, а уште 527 се ранети. Самиот Педок. Во домот на убиецот се најдени 19 парчиња огнострелно оружје, експлозивни супстанции и илјадници парчиња разна муниција. Уште 23 парчиња разно огнено оружје, вклучително и со оптички нишан, се пронајдени во хотелската соба од којашто отворил оган.

Мотивите поради кои пензионерот се решил за овој налудничав чин, сѐ уште остануваат мистерија за истражните органи.