Што содржи гласачкото ливче и како да гласате?

Избирачкото ливче ги содржи имињата на сите 11 коалиции и партии што имаат 58 листи со 1.092 кандидати.

Во онаа изборна единица каде поголем број од жителите се припадници на некоја од заедниците избирачкото ливче е на македонски јазик и на нивниот мајчин јазик.

Карактеристично за овие избори е што првпат избирачкиот список содржи фотографии на лицата запишани во него со цел да се спречат злоупотреби.

Гласот на граѓанинот ќе биде важечки само со заокружување на една листа на кандидати или кандидат или доколку тој го заокружил името и презимето на носителот на листата или симболот на подносителот на листата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.