Што ви носи Јупитер во Девица до 9-ти септември?

Јупитер, планетата на контактите со странците, богатството, угледот и патувањата, по повеќемесечно ретроградно движење, на 9-ти мај почна да се движи директно во работливата и дисциплинирана Девица каде ќе остане до 9-ти септември.

Тоа може да донесе нови бизнис шанси во странство, соработка со странци или заминување на усовршување во некоја замја, секако, во зависност од аспектите со планетите во личниот хороскоп.

Хармоничните тригони со Сонцето, Меркур и Венера во Бик, како и со ретроградниот Плутон во Јарец, им одговараат на земјените и на водените знаци, особено доколку планираат купопродажба на недвижности, издавање под наем или зиградба на бизнис и станбен простор.

Планетата на просперитетот и експанзијата образува напнати апсекти со ретроградниот Марс и ретроградниот Сатурн во Стрелец, симболите на акција и на одолговлекување, поради што се’ оди некако побавно од тоа што сте планирале, особено на бизнис план, сепак немојте да се грижите се да завршите.

Опозицијата меѓу Јупитер и Нептун, симболот на експанзијата и бегството од реалноста, може да биде инспиративна за уметниците на кои што им носи слава, но неповолно влијае на менталната состојба, на сообраќајот, особено на водените патишта и предупредува на опасност од измама или некој вид зависност.

Директното движење на Јупитер преку Девица најмногу ќе го почувствуваат Биковите, Стрелците и Рибите каде влијанието на таа планета е најнагласено, а најмалку ќе го почувствуваат Скорпиите, Близнаците и Девиците.

Што ќе му донесе Јупитер во Девица на вашиот хороскопски знак прочитајте на следните страници…