Што запленија цариниците минатата недела?

Mинатата недела и за време на Велигденските празници, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани, цигари, фалсификати, GPS уреди, батерии за мобилни телефони, автоделови, анестетик и друго. Задржана е следната стока:

Цигари

Од страна на мобилните царниски тимови откриени се 130 штеки цигари YORK blue 100s со македонски акцизни маркички, при контрола на турски автобус што сообраќал на релација Косово – Турција, управуван од косовски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Деве Баир.  Непријавените цигари, пронајдени во фабрички празнини под тоалетот и во подот помеѓу предните седишта на автобусот, се привремено задржани а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.

На Аеродромот Александар Велики, при контрола на два куфери, сопственост на српски државјанин кој имал намера да отпатува за Малме, откриени се 90 штеки цигари (Sobranie, Davidoff, Boss Gold, L&M, Lucky strike, Style slims, Marlboro red и gold) со македонски и српски акцизни маркички. Цигарите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка.

Техничка стока

– 5 GPS Терминали Rupela  FM-Pro 4 , 15 GPS локатори  Teltonika FM1110 и 22 СИМ картички, откриени при контрола на косовски автомобил, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Производите се пронајдени во багажникот на возилото, во патна торба помеѓу облеката на возачот, како и во преградите од торба за лап-топ. Истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 68 батерии за мобилни телефони, откриени при контрола на пратка од испраќач од Дубаи, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Аеродром Александар Велики-отсек за стоково царинење. Батериите, кои не биле опфатени со царинските документи, се привремено задржани, а против увозникот е поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

Мобилните царински тимови при контрола на стока од испраќач од Турција, наменета за примач од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга откриле 260 парчиња готови текстилни производи со ознаки на заштитена трговска марка. При преглед на возилото, во кабината под душекот на креветот, пронајдени се и 9 копии од фактури и заради сомневање во вредноста на пријавената стока за увозно царинење фактурите со целокупната документација се привремено задржани и се предадени на Одделението за истраги за нивно понатамошно постапување.

Во царинската испостава Пошта Скопје, при контрола на пратка испратена од Холандија за примач од  Скопје откриени се 4 рачни часовници со ознаки на заштитена трговска марка.

– 100 слушалки за мобилни телефони со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на стока од испраќач од Дубаи, наменета за примач од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Аеродром Александар Велики-отсек за стоково царинење.

Во сите случаи, стоката е привремено задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи, Царинската управа поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.

cigari aerodrom 2

Автоделови

– 15 зглобови за клипови за мотори, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во две патни торби, сместени во багажникот на возилото се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

Средства за чистење и анестетик

– 5,5 литри концетрирани средства за чистење Amway home, 1 паста за заби Amway glister од 150 ml и 15 шишиња спреј-анестетик Lidokain-EGIS од 38 g, откриени при контрола на бугарски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Делчево, се пријавиле четворица македонски државјани. Непријавените производи се пронајдени во багажниот простор, скриени под стока која возачот ја пријавил за царинска контрола, но и во потпирачите на задните седишта, во фиоката за документи и во неколку патни торби. Стоката е привремено задржана, а против возачот е изготвен записник за царински прекшок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.