Што значат еротските сонови?

Секој од нас барем еднаш сонувал сон во кој е гол, има секс, доживува оргазам, секс со поранешниот, орален секс… E, сега ја имате можноста да го видите значењето на сонот.

Непосакувани страсти

Ако сонувате секс со човек кој во стварноста не ви се допаѓа ни најмалку, потсвеста ве води кон контрола над односот со тој човек. Тој сон всушност нема никаква врска со сексот, само ја покажува борбата на моќта, покажува дека вие имате поголема моќ од него.

Сонови со поранешниот

Луѓето многу често ги сонуваат своите поранешни партнери, што не значи дека го посакуваат тоа па затоа го сонуваат. Можеби во реалноста се наоѓате во врска во која се чувствувате помалку несигурни или сте сами и несигурни, па потсвеста ве потсетува на минатото, на времето кога имавте сигурност.

Фатени на дело

Ако на сон имате секс со поранешниот, а ве фати сегашниот партнер, потсвеста ви сигнализира за грижата на совест која ја имате. Вие немате сосема расчистено со минатото, па потсвесно имате грижа на совест за новиот партнер.

Изневерување

Ако на сон изневерувате, тоа значи дека вие имате сексуални желби кои ги потиснувате. Можеби моментално сте во ситуација која се коси со вистинските желби и потреби.

Ако сонувате пак дека партнерот ве изневерува, тогаш вие стравувате од осаменост, несигурност или имате поголема потреба од внимание.

thumb (1)

Орален секс

Ако сонувате орален секс вие имате потреба од примање и давање задоволство. Тоа симболизира и дека имате креативна енергија и дека сте на правиот пат, но може да значи и дека треба да поразговарате со партнерот за сексуалните желби.

Ејакулација на сонseks

Овој сон го означува губењето на енергија и контрола над работите во реалноста.

Голотија

Ако се сонувате голи, се плашите дека некој ќе ги открие вашите активности и дека ќе ве осудат заради истите. Ако на сон се трудите да се сокриете, во стварноста се наоѓате во многу тешка ситуација. Ако сонувате некој друг гол, веројатно многу наскоро ќе ја дознаете вистината за тој човек, но таа нема да ви се допадне.

Ако се бакувате на сон

Бакнежот сигнализира љубов, рамнотежа, задоволство. Ако гледате како некој друг се бакнува, вие премногу сте оптоварени со туите животи. Ако се разбудите во моментот кога требаше да бакнете некого на сон, тоа значи дека вие не сте сигурни во чувствата на тој човек за вас.

Секс со странец

Ако на сон имате секс со странец, тоа може да укажува на вашиот страв од иднината. Ако пак имате секс со популарна личност, вие сте спремни на се за да постигнете успех.

Оргазам

Задоволството во сонот, го отсликува задоволството од некоја реалност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.