АНАЛИЗА: Што значи крајот на анти-Асад програмата на ЦИА

Што постигна операцијата под покровителство на ЦИА за помагање на бунтовниците во Сирија?

Чудно, но најсериозна последица е тоа што можеби ја поттикна Русија да ја отпочне воената интервенција во 2015 година, која го спаси сирискиот претседател Башар Асад – т.е. го постигна токму спротивното, од она кон кое целеше програмата.

Сирија додаде ново поглавје во ѕвездената историја на паравоените дејствија на ЦИА. Напорите почнаа со достојна цел, да му се даде на претседателот можност за индиректни воените дејствија во Сирија, но таквите чекори доведоа до хаос, во кој бунтовниците се почувствуваа „прелажани и напуштени“ од ветувањето за помош од САД, која едноставно исчезна откакоо политичките втришта почнаа да дуваат во друга насока.

Еден од лидерите н сириската опозиција ја потенцира опасноста, која ги демнее како резултат од дејствијата на ЦИА:

Групите, кои одлучија да работат со САД, уште тогаш станаа цел на екстремистите, но сега тие воопшто немаат како да се заштитат од нив.

Стопирањето на програмата за помагање на сириската опозиција беше објавена за кратко време, но беше замислена и почна да се реализира дури откако Доналд Трамп стана претседател. Тој сакаше да работи заедно со Русија, за да се стабилизира Сирија, и програма која беше насочена против сојузниците на Русите не се предвидуваше во таа стратегија. Стратегијата на Белата куќа за Сирија останува мешавина од половични претпоставки и спротивставени цели, но тоа е предмет на друга анализа.

Изгревот и заоѓањето на операцијата под изговор за Сирија донесе некои корисни лекции за тоа, најделикатно, оружје од американскиот арсенал. Сума сумарум, програмата беше задоцнета, со ограничено дејствие и беше премногу зависна од несигурни партнери како Турција и Саудиска Арабија.

Таа беше доволна да го заплаши Асад и да предизвика интервенција од страна на Русија, но не беше доволна за ги исполни своите цели. Можеби најлошо беше што борците, поддржани од ЦИА, беа многу поделени во политички поглед и премногу измешани со екстремистичките опозициски групи, што како резултат на тоа не може да претставуваат реална алтернатива за политичката иднина на Сирија.

Тоа не значи дека дејствијата на ЦИА беа без резултат. Спроведувана од Центри за тајни операции, сместени во Турција и во Јордан, програмата пушти стотици милиони долари на дузина групи. Едно официјално лице службено пресмета дека борците поддржани од ЦИА, можно е да ликвидирале или раниле околу 100.000 сириски војници и нивни сојузници, во последниве четири години. Во текот на летото во 2015 година, бунтовниците беа пред портите на градот Латакија на северозападниот брег, заканувајќи се на земјата на Асад и на руските бази во регионот. Борците ја потиснаа сириската армија и во Дамаск.

Аналитичарите на ЦИА, во тоа време, почнаа да зборуваат за „катастрофален успех“ – опозицијата ќе го собори Асад, без при тоа да создаде стабилна и умерена власт. Во јуни, 2015 година, цитирав припадник на американското разузнавање, кој изјави дека „врз основа на тековниот развој на настаните, време е да почне да се мисли за Сирија по Асад“.

Владимир Путин внимателно го набљудуваше она што се слушуваше, особено по ургентната посета на генерал-мајор Касам Сулејмани, командант на Стражите на Исламска револуција на Иран (Ал-Кудс) и регионален патрон на Башар Асад. Путин ја разбра пораката: Тој направи воена интервенција во септември 2015 година, и значително го измени балансот на силите во Сириската војна.

Тоа што го направи Трамп, со стопирање на програмата на ЦИА, беше просто признавање на реалниот однос на силите во Сирија. Што можеше да направи САД, за да постигне различен развој на случувањата? Еве некои претпоставки, собрани од американски и сириски фактори, кои го следеа спроведувањето на програмата од блиску.

• Програмата можеше да биде започната во 2012 година, кога екстремистите не беа толку моќни и сеуште имаше надеж да биде создадена умерена сила. Во 2013 година, кога програмата беше пуштена во дејствие, воената опозиција веќе беше под доминација на џихадисти.
• САД требаше да им даде на бунтовниците против-воздушно оружје, кое би им дозволило да ги заштитат завземените позиции, од бруталните бомбардирања на силтие на Асад.
• Додека преговараше за нуклеарната зделка со Иран, САД не сакаше да убива Иранци во Сирија. Откако Путин се вмеша, САД ги избегнуваа и Русите. Тие ограничувања беа оправдани, но тие и ги неутрализираа воените операции спроведувани од САД.
• САД немаа политичка стратегија, која можеше да се комбинира со анти-Асад програмата на ЦИА.

Немаше јасни команди „што да се прави“, или јасно формулирани цели за национална безбедност и истовремена стратегија за нивно постигнување, изјави Фред Хоф, поранешен вработен во Стејт Департментот, кој ја следел сириската историја од блиску.

Дејствијата на Америка неволно „создадоа огромна поделба и соперништво, наместо да бидат инструмент за обединување на различни фракции.

David-Ignatius

 

 

 

Дејвид Игнатиус, 

коментарор за меѓународна политика на „The Washington Times“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.