Македонија

Сточарите ќе добијат државна поддршка од 80 отсто за набавка за високо приносен добиток

Сточарите ќе добијат државна поддршка од 80 отсто за набавка за високо приносен добиток
Индивидуалниот земјоделец  Игор Стојановски од село Мралино со  владината мерка  за млад земјоделец 50-50 набавил 8 високо приносни крави од Германија. Тој е задоволен од субвенциите кои ги добил од државата, односно 50 % од трошоците за набавка на добитокот биле државни пари. Со набавката на високо приносен добиток Стојановски очекува поголем и поквалитетен принос на млеко и месо, а со тоа и зголемување на приходот.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски истакна дека  субвенционирањето на младите земјоделци ќе продолжи и понатаму и со измените на законот за земјоделство и рурален развој се очекува од 2017 година оваа поддршка да биде зголемена од 50 на 80 %, односно сточарите ќе добијат државна поддршка од 80 отсто за набавка за високо приносен добиток.

-Сите сточари ќе може да аплицираат за државна поддршка  за набавка за високо приносен добиток. Ако сточарот треба да одвои 40.000 евра за набавка на 10 грла на добиток, 32.000 евра ќе  му бидат исплатени од страна на државата, од Централниот буџет преку програмата за рурален развој, рече Костадиновски.

Во Македонија  поголемиот дел од добитокот не е со висок генетски потенцијал и е потребно преориентирање кон обезбедување на високо приносен добиток кој има повеќекратен бенефит за земјоделците.

4444

Со високоприносниот добиток ќе се обезбеди подобар квалитет на производот,  млеко или месо,поголем период на лактација кај добитокот кој дава млеко и поголема месна маса кај добитокот кој е наменет за производство на месо, а со тоа ќе бидат поголеми и шанси за конкурентност на европскиот пазар.

Поголемата продуктивност во сточарското производство во државата може да се постигне само преку промена на сегашната неповолна структура и набавка на попродуктивни грла со висок генетски потенцијал, кој што во основа е високо приносен добиток.

Костадиновски посочи дека со цел да се обезбедување на поголема мотивираност на сточарите за модернизирање на стадата со вакви грла, 80 % од трошоците за набавка на педигирани високо-стелен добиток ќе се покриваат од страна на државата, односно максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 6.500.000 денари по корисник.

rrrrrrrrrrrrr

Средствата ќе се спроведуваат како неповратна финансиска поддршка за набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци, педигрирани машки и женски приплодни грла кози и педигрирани свињи (нерези и назимки)- оригинали или хибриди.

Набавката на грлата ќе се врши од признати организации на производители. Право на користење на мерката ќе имаат одгледувачи на добиток кои се запишани во Единствениот регистер на земјоделски стопанства.  Предвидениот износ на средства за реализација на оваа мерка на годишно ниво ќе изнесува 2 милиони евра.

Владината мерката за поддршка од 80 отсто за набавка за високо приносен добиток не се однесува само на набавка на високоприносни крави , туку и за навака на високо приносни кози, овци и свињи. А високо приносниот добиток од високопризнаени раси ќе  значи и зголемени приходи на земјоделците.

Придобивки од набавка на високо приносни крави

Просекот за македонските крави грла добиток во период на лактација-  период во кој добитокот дава млеко (305 дена) е 3000 литра на млеко. За ова од едно грло (една крава) од млекото земјоделецот обезбедува приход во просек 70 500  илјади денари за истиот тој период, а од грлата добиток со висок генетски потенцијал, односно високо приносен добиток од увоз или од признати организации од Македонија на одгледувачи просекот на млеко изнесува над 8000 литри за што заработката од млекото би изнесувала 180 илјади денари, (во сумата се вклучени субвенциите кои што му следат на земјоделецот од 3.5 денари по еден литар). Заработката е два и пол пати поголема одошто обичниот добиток кој не е високоприносен.

ooooooooooooo

Најчесто купуван добиток се кравите Холштајн, кој чинат околу 2000 евра за една единка. На пример за 20 грла добиток Холнштајн кои чинат 20 илјади евра, 80 проценти ќе биде покриен од државата, односно 16 илјади евра.

Високо приносни овци

Кај овците, оние кој имаат постоечки карактеристики за нашето поднебје, периодот на лактација е 150 дена во кој период производство на млеко изнесува 75 литри. Приходите од ова би биле 3 112 денари. Додека за овците со висок генетски потенцијал, односно приносните млечните раси, (аваси, асаф, источно фризиска,) периодот на лактација е 180 дена, и даваат во просек од 260 до 300 литри млеко. Приходите би биле во истиот тој период 12 450 денари или повеќе речиси за 4 пати во споредба со расите на овци присутни во нашето поднебје.

Просечната цена на чинење на високо приносниот добиток аваси, асаф или источно фризиска овца изнесува 250 евра. За 100 примероци ваков тип на овци земјоделецот би требало да плати цена од 25 илјади евра, од кој 80% односно 20 илјади евра ќе биде поддршка од државата.

Високо приносни кози

Оние кои што се присутни кај нас и се чуваат  период на лактација е 170 дена, од кој што се добиваат околу 200 литри млеко. Заработката е 5 100 денари. Додека пак кај грлата на кози со висок генетски потенцијал, односно високо приносен добиток (вообичаените раси Аплина, Санка) периодот на лактација е 200 до 240 дена. И околу 3 пати поголем обем на производство на млеко од 600 до 650 литри , заработката би била 15 300 денари или околу 3 пати повеќе од вообичаените раси на кози кој се присутни кај нас. Високо приносните раси на кози чинат 200 евра по единка. На пример за 100 единки земјоделецот ќе треба да плати 20 000 евра од кој државата ќе покрие 16 000 евра.

Што се однесува за високо приносен добиток за производство на месо, во однос на говедското месо мешаните раси кои се одгледуваат кај нас за да достигнат 500 кг треба да се прихрануваат од 18 до 24 месеци, а добитокот кој е високо приносен односно висок генетски потенцијал од расите  Херефорд, Шароле, Сименталец и белгиско сино говедо таа маса од 500 килограми ја достигнуваат од 12 до 14 месеци, или половина пократок период.

Во Македонија постојат почетни искуства за високо приносен добиток кој се исклучително позитивни. Веќе во Македонија , во пелагонискиот регион крави од расата Холнштајн (околу 3500 грла)кој се со висок генетски потенцијал се присутни. Просекот е 7200 литри во период на лактација и тој расте и се приближува до европскиот просек.

80% е поддршка од државата, а останатите 20% кои треба да ги обезбеди корисникот од сопствени средства, за задругите и земјоделските компании кои имаат и поголеми инвестиции, може да ја искористат евтината кредитна линија од Македонската банка за поддршка на развојот која обезбеди 10.8 милиони евра за евтини кредити земјоделските стопанства. Каматната стапка е само 2% а рокот на отплата до 5 години.

Зошто е добро воведување на високо приносен добиток

Фармите низ Европа произвеле во просек 164,8 милиони тони млеко во 2014 година, од кои 159,6 милиони тони (или 96,8%) се кравјо млеко. Млекото од овци, кози и биволици е застапено со 3,2% од вкупното производство на млеко. Имајќи го во предвид интересот за производите од овчо и козјо млеко на пазарот и конкурентската предност што Македонија ја има за одгледување на овци и на кози, ова може да биде показател во која насока да се ориентира македонското сточарство.

Производство на кравјо млеко во Македонија

Согласно официјалните статистики на Државниот завод за статистика, Република Македонија во 2014 година имала 241.607 грла говеда, од кои 155.432 биле крави и стелни јуници. Во 2014 година, во Македонија се произведени 378 милиони тони млеко, и е постигнато просечно годишно производство од 3.000 литри по молзна крава.

Сепак, ако се споредиме со земјите од Европската Унија, нашето производство е половина или помалку од половина од она што го постигаат тие. Па така, Холандија има просек од 7.277 литри по крава, Чешка 6.884 литри по крава, а Унгарија 6.596 литри по крава. Ваквите разлики се должат во голема мера на расите на крави што се одгледуваат во овие земји и она што е застапено кај нас.

За да се постигне зголемено задоволување на домашните потребите за кравјо млеко од домашно производство, но и да се зголеми општата ефикасност на потсекторот за производство на кравјо млеко и млечни производи, Владата на Република Македонија ќе ги поддржи македонските производители да набават високо-приносни грла на добиток од расата Холштајн фризиска.

Оваа раса на говеда потекнува од Холандија и најзастапена во светот, бидејќи е препознаена како раса која дава најголемо производство на млеко по грло. Холанѓаните по пат на селекција создале раса што има највисока конверзија на храната во млеко, односно најдобра искористеност на храната како ограничен ресурс.

Најголемиот број на одгледувачи на добиток се мали земјоделски стопанства. Па затоа предвидуваме пакети за поддршка на инвестициони проекти за преминување на малите земјоделски стопанства во повисока развојна категорија со кофинансирање до 90% од трошоците

За спроведување на инвестициите со кои малите земјоделски стопанства значително ќе го зголемат својот производен капацитет потребно е да се направат повеќе засебни инвестиции кои како мерки на поддршка и сега се овозможени во програмите за рурален развој. Сепак поединечниот начин на аплицирање по секоја од тие мерки е комплициран и често неусогласен со динамиката на спроведување на инвестицијата.

Затоа за поддршка на преминување на стопанство од пониската категорија во повисока развојна категорија според големина на производните капацитети и олеснување на инвестирањето ќе се воведе нов, проектен начин на поддршка на инвестиционите идеи на малите земјоделци. Неколкугодишниот инвестиционен план кој ќе биде поддржан ќе опфаќа комбинација од постоечките мерки на поддршка на инвестициите и задолжително ќе вклучува континуиран и задолжителен советодавен надзор во сите фази од инвестирањето.

Висината на поддршката за најмалите стопанства – до еден хектар површина кај повеќето култури, односно до 5 ха кај житата, 5 грла во говедарството и свињарството, до 100 овци, итн, кои се сметаат за стопанства кои започнуваат со посериозна земјоделска дејност, ќе изнесува 90% кофинансирање на трошоците направени при преминување во следната повисока категорија, додека кофинансирањето на трошоците за реструктуирањето на стопанствата од втора во повисока трета категорија ќе изнесува 70%. Инвестициониот пакет ќе се однесува на корисник со старост до 50 години. Имплементацијата на мерката ќе започне почнувајќи од јануари 2017 година. Воведување на мерката во програмите и нејзино спроведување од јануари 2017 г.