Стогодишна Јапонка рекордерка во пливање

Јапонката Миеко Нагаоко, која неодамна го прослави својот 100. роденден, исплива 1.500 метри во слободен стил во мал базен, што е подвиг кој досега не му успеал на ниту еден стогодишник во светот.

Како единствен пливач во категоријата на возраст меѓу 100 и 104 години, Нагаоко во саботата ги препливала 1.500-те метри за еден час, 15 минути и 54 секунди на натпреварувањето во префектура Ехиме во западна Јапонија, испратена со громогласен аплауз од публиката.

Нагаоко, која се надева дека нејзиниот рекорд ќе го признае и Гинисовата книга на рекорди, вели дека не планира да застане тука.

– Сакам да пливам до 105 години, ако живеам толку, изјави таа по натпреварувањето.

Нагаока почнала да плива на 80-годишна возраст во рамки на терапија за заздравување на коленото. Набрзо третманите, прераснале во нејзина секојденван рутина и таа почнала да соборува рекорди. На 99-годишна возраст преплива 1.500 метри во олимписки базен, а истата година објави и книга за нејзините спортски подвизи.

Според статистиката на јапонското Министерство за здравство, лани во септември во Јапонија имало речиси 59.000 со над сто години, од кои 87 отсто биле жени.

Меѓу нив има неколкумина темпераментни, меѓу кои е и Худекичи Мивазаки (104), кој го држи светскиот рекорд во трчање на 100 метри за стогодишнаци од 29,83 секунди, со што го доби прекарот „Златниот Болт“, по атлетичаротот Усеин Болт.