Стоиљковиќ: Македонија се враќа во 1990-те и станува „сигурна куќа“ за секој антисрпски гест

 

Судбината на српскиот народ во Македонији ќе зависи од нашата досегашна и идна способност да ги одредиме основните начела на националната политика и да воспоставиме национално единство за нејзиното остварување, пишува Иван Стољковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија во авторскиот текст за српскиот дневен весник Политика.

Натаму Стоиљковиќ смета дека позицијата на Србите во Македонија во однос на Србите во регионот е понезавидна затоа што во оваа држава на мала врата се вратија деведесетитте години од минатиот век.

„За жал, Македонија, како и во деведесетите години повторно станува ’сигурна куќа’ за секој антисрпски гест и акција , како и во Загреб и во Тирана, олеснувајќи го на тој начин зацврстувањето на послушната власт која ги извршува преземените обврски кон своите покровители“, пишува лидерот на ДПСМ

Проблемот, смета Стоиљковиќ, настана со Тиранската платформа, која „според нас е сериозна поддршка на проектот за „голема Албанија“, а тоа е и јадрото на антисрпската политика на  Западот на Балканот“.

„Токму преку актуелизирањето на албанскопто птрашање се отвора нов простор за понатамошен политички притисок врз Србите и Србија, со што се изнудуваат политички отстапки на наша штета… Генерално, Ттиранската платформа нуди систем на решенија кои ќе бидат во интерес само на албанската заедница во Македонија, а на штета на Србите и сите останати, вклучувајќи ја тука и самата држава во која со ова ќе се забрза процесот на развој на паралелни општества…

Крајно време е да ги збиеме редовите, да ставиме точка на импровизациите и да воспоставиме стартешки принципи за одбрана на српскиот народ у регионот. Затоа Декларацијата што ја најавуваат претседателите на Србија и на Република Српска, Александар Вучиќ и Милорад Додик, треба да биде темел за зачувување и иднината на нашиот народ“, пишува во колумната објавена во Политика, Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија.