Спорт

Стоилов и Манасков се враќаат на теренот

Стоилов и Манасков се враќаат на теренот

Македонскиот ракометен шампион Вардар на претстојниот натпревар со Кристијанштат од Лигата на шампионите, што се игра во сабота ќе настапи засилен со двајцата репрезентативци на Македонија Дејан Манасков и Стојанче Стоилов.

Стоилов и Манасков се вратија на тренинзите на првиот тим откако им истече казната (двонеделна суспензија и парична казна).

Тие го пропуштија дуелот со Рајн Некар Ловен на гости од ЛШ, како и два дуела од СЕХА лигата.

Вардар најверојатно нема да биде комплетен и на следниот дуел во сабота со Кристијанштат особено што неизвесен е настапот на Игор Карачиќ, кој имаше операција на хематом на тестисите на почетокот на месецов, а отсутен ќе биде и Александар Дереван.