Стоилов поради повреда извесен период надвор од терените

Во следнот период Вардар ќе биде без капитенот Стојанче Стоилов кој има скршеница на десната дланка. На мечот со ПСЖ на турнирот во Стразбур во петокот, вардаровиот играч во дуел со Лука Карабатиќ ја повреди дланката поради што не настапи во второто полувреме.

Првичните лекарски наоди покажуваат скршеница, а подетални наоди ќе има по враќањето во Скопје. Сигурно е дека оваа повреда ќе го оддалечи неколку недели од терените.

Вардар одигра нерешено 33:33 против ПСЖ, иако на средбата настапи  без Игор Карачиќ и Вуко Борозан, а во второто полувреме и без Стоилов.

Денеска од 18,15 часот го играмевториот дуел н атурнирот против Мешков Брест.

На 29-ти август почнува сезоната во СЕХА лигата и ние сме домаќини на Металург во СЦ „Јане Сандански”