Стоилов: Се надевам ќе се вратиме дома со една победа

Стоилов: Се надевам ќе се вратиме дома со една победа
Стоилов: Се надевам ќе се вратиме дома со една победа
Требаше да победиме, имавме одлично прво полувреме. Добра одбрана, добар напад. Но како и по обичај во второто полувреме паѓање, вели разочарано Столе Стоилов по нерешниот резултат против Норвешка на ракометното ЕП во Полска.

Македонија водеше со 4 гола разлика по првиот дел, но на крајот на вториот дел дојдовме во ситуација да бркаме резултат.

Стоилов вели дека за разлика од натпреварот со Хрватска овојпат покажале подобра игра, поголема борба.

Тој се надева дека ќе ја совладаме Белорусија во последниот меч. Македонија, вели тој, да се врати дома со една победа на ова првенство.