петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Стоилов: Вардар мора на секој натпревар да игра максимално

Ние сме во добра форма, но на секој натпревар мора да играме максимално со 100%, ако сакаме да играме на „фајнл фор“ турнирот. Едноставно не смееме да си дозволиме кикс како во првото коло со Мешков Брест, кога одигравме нерешено, рече Стоилов.

stojance-stoilov-640x294

Последни вести

Лидерот на табелата во СЕХА лигата, македонскиот првак Вардар ја продолжува серијата натпревари ова натпреварување. Следен ривал на „црвено-црните“ е тимот на Татран Прешов, кој синоќа загуби од Металург.

Вардар во саботата ја продолжи серијата победи откако триумфираше на теренот на словенечкиот тим Цеље. Ова за нашиот претставник беше четврта победа во серија.

На денешната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов повика на максимално залагање и на овој дуел.

– Ние сме во добра форма, но на секој натпревар мора да играме максимално со 100%, ако сакаме да играме на „фајнл фор“ турнирот. Едноставно не смееме да си дозволиме кикс како во првото коло со Мешков Брест, кога одигравме нерешено, рече Стоилов.

За тоа со кој состав ќе настапи Вардар утре тренерот Раул Гонзалез изјави:

– Малку сме уморни. Ќе видиме кои играчи ќе можат да играат, но ние сме фаворити на овој дуел. Мислам дека сега нашата ситуација е добра особено што сме на првото место. Ако сакаме да играме на Ф4 мора да победуваме.

Натпреварот Вардар – Татран Прешов се игра утре со почеток во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Најчитани вести