Спорт

Стоилов во ТОП 10 спортисти на Балканот

Стоилов во ТОП 10 спортисти на Балканот
Стоилов и Дибиров избрани во десетте најубави гола на Ф4 во СЕХА

Македонскиот ракометар Стојанче Стоилов се најде меѓу десетте најдобри спортисти во изборот на националните новински агенции во регионот во кој учествуваше и македонската новинска агенција МИА.

Победник е бугарскиот тенисер и трет АТП играч Григор Димитров кој доби 62 поени. На второто место се најде романската тенисерка Симона Халеп со 60, додека трет е турскиот спринтер Рамил Гулиев со 49 бода.

Топ 10 спортисти во 45. избор спроведен од Бугарската новинска агенција (БТА) за 2017 година:

1. Григор Димитров (Бугарија) – 62 поени
2. Симона Халеп (Романија) – 60
3. Рамил Гулиев (Турција) а- 49
4. Катарина Стефаниди (Грција) – 48
5. Сандра Перковиќ (Хрватска) – 46
6. Лука Модриќ (Хрватска) – 31
7. Елефтеирос Петроуниас (Грција) – 21
8. Богдан Богдановиќ (Србија) – 19
9. Тијана Бошковиќ (Србија) – 17
10. Стојанче Стоилов (Македонија) – 16.

Вкупно 30 спортисти од 10 земји добија поени во анкетата.