Стојаноски: До вчера ги плаќаше Сорос, сега се советници на Заев ќе земаат пари од граѓаните

Продолжува целосната партизација и депрофесионализација на институциите. Зоран Заев ја претвора државата во партија, а партијата во држава. Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ или од скоро нов специјален економски советник на Зоран Заев, е човек познат по правење матни зделки, човек со сомнително минато и дебело криминално досие, обвини денеска Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-После ангажирањето на естрадни уметници и сомнителни ликови, како Башановиќ, изминативе денови сведоци сме на ново назначување на советници во владата на Зоран Заев. Довчерашните политички аналитичари, активисти во граѓанскиот сектор и партиски војници повторно се најдоа на платениот список на Заев. Јавноста е сведок за вработувањето на граѓанските активисти и политички и само прогласени aналитичари како Мерсел Биљали и Исмет Рамадани, до вчера на планиот список на Сорос, од денес на платен список на буџетот на Република Македонија. Гласноговорниците на СДС скриени за параванот на невладин сектор и аналитичари денес стана советници на Заев за подготовка анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО и подготовка на анализи извештаи и мислења за унапредување на меѓуетничките односи, изјави Стојаноски.

Стојаноски кажа дека советничко место во владата на Заев доби и Митко Андреевски, претседателот на партиската комисија на СДС за енергетика и личен пријател на Заев.

-Андреевски на јавноста и е познат по скандалозните тенедери кои тој ги добиваше од Струмица гас, преку неговата фирма Си Ен Џи Систeм. Воедно фирмата на пријателот на Заев беше регистрирана во куќата на родителите на сопругата на Андреевски и според официјалните информации фирмата имаше само еден вработен, а секојдневно добиваше тендери за снабдување на најскапиот гас во Македонија. До вчера Зоран Заев овие лица ги плаќаше преку тендери и со пари од Сорос, а денес ќе ги плаќа со пари од граѓаните со нивно вработување како разниразни негови советници, изјави Заев.

Тој кажа дека со поставувањето на ликови како Башановиќ, Андреевски, Рамадани и Биљали за советници на Зоран Заев се отвора огромен сомнеж дали новата влада ќе работи на подобрување на економската, енергетската и надворешната и политичката состојба или ќе работи на подобрувањето на економското портфолио на корпорациско-партиски фирми и луѓе, блиски до СДС.

-Граѓаните на Република Македонија од новата влада очекуваат чесна и одговорна работа. Привлекување на нови странски инвестиици, подобрување во енергетскиот сектор, отварање на нови работни места, а не да бидат загрижени дали некој нешто ќе украде или дали ќе има наместени тендери кои ќе бидат платени од нивни пари, порача Стојаноски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.