Стојаноски: Хунтата водена од Заев ги затвора сите што не се согласуваат со нивната предавничка политика (ВИДЕО)

На 28 ноември 2017 година, хунтата на чело со Заев пика по затвори се она што не се согласува со нивната предавничка политика, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО- ДПМНЕ на протестот пред Кривичниот суд Скопје, против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

„Дурловски е затворен затоа што ја пееше нашата песна- македонската. На бранителот Митко Чавков му се товари дело тероризам исто како оние од Диво Насење. Кој е поголем терорист Чавков што ја бранеше државата или оние терористи што ја напаѓаа? Човекот учествувал и во одбраната во 2001 година, каде што Заев како дезертер одбегнувал да го служи воениот рок“, рече Стојаноски.

Притоа додаде дека „Она што е јасно е дека на крајот повторно Македонците ќе победат. Се она што се случува ќе биде само една грда страница во историјата“.