Стојаноски: СЈО докажува дека работи под диктатот на Заев и ќе вдоми уште 30 партиски војници на СДСМ

Специјалното јавно обвинителсво (СЈО) досега безброј пати докажа дека дејствува како продолжена рака на владејачката СДСМ, а сега бесрамно отвора нов оглас за вработување на нови 30 лица, изјави во четвртокот Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нивната тенденциозна и политички мотивирана активност само покажува дека се партиска канцеларија на СДС која работи по диктатот на Зоран Заев. Патем сето тоа граѓаните скапо го плаќаат со свои пари. Со тие пари се покриваат вработувањата на Берниса Рахиќ, ќерката на Есад Рахиќ поранешен функционер на СДС, Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник од редовите на СДС, Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка, Борче Трајковски познат во јавноста како Боки Бургија познат поддржувач на политиките на СДС, Ѓорѓи Камчев кој според објавените информации, активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција и уште десетина други активисти на СДС или нивни деца. Најсрамно од се беше ангажирањето на внукот на Катица Јанева, Ѓорге Делиџаков“, истакна Стојаноски.

Дададе дека сега СЈО отвора нов оглас за вработување на нови 30 лица. Ова, рече Стојаноски, значи дека СЈО и со новиот оглас планира да продолжи со практиката да вдомува партиски војници на СДСМ и да ги плаќа со народни пари нивните астрономски плати и хонорари.

„Во изминатите години потрошија над 4 милиони евра, за своите политички инспирирани активности. Сите акции што СЈО ги преземаше и ги презема со цел за оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, и истовремено задоволување на мегаломанските потреби на членството на СДС или подржувачите на оваа партија. Реални се основите за сомнение дека со овој нов оглас Катица Јанева ќе вдоми уште некој свој внук или роднина или, пак, ќе вработи уште членови на СДС, нивни деца, внуци, роднини, на сметка на народот или, пак, можеби по урнек на Владата на Заев ќе ангажира комичари, новинари, твитерџии и други учесници на Шарената револуција“, истакна Стојаноски.

Според него, расипништвото и користењето на народните пари за лични и непотистички потреби на СДСМ се сé повеќе видливи и во СЈО, и тоа не е никакво изненадување бидејќи тие во суштина се едно исто тело.

„СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам. СЈО како партиска канцеларија на СДС може да ангажира уште 300 лица, но тоа нема да им помогне во нивните конструирани случаи насочени против ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ние ниту вина имаме ниту криминал сме направиле. Единствено е вистина дека сјо со парите на народот ќе продолжи да си задоволува партиски или непотистички страсти и потреби“, заклучи Стојаноски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.