Стојаноски: Владата нема пари за зголемување плати, пензии и социјална помош, но има за вработување активисти на СДСМ и Сорос

Колку ќе ги чини македонските граѓани услугите на советникот со клептомански афинитети Зоран Башановиќ, колку пари месечно ќе се двои од државниот буџет за советите на српскиот естраден менаџер, праша во понеделнкот на прес-конференцијата Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку ќе чинат услугите на партискиот пајташ Митко Андреевски? Помалку или повеќе од тендерите кои ги добиваше со човек-фирма од ’Струмица гас’? Дали тука му е ветен екстра профит или ќе продолжи неговата фирма да го цеди Струмица гас и буџетот на струмичани, а Андреевски ќе добива екстра пари од народот? Ова се прашања кои заслужуваат одговор. Не се работи за милионите на Вице или Зоран Заев, туку за пари на граѓаните. Зоран Заев и СДС продолжуваат со целосна партизација на администрација и вработување на лица од платеничкиот список на Сорос. Во овие два ипол месеци јавноста е сведок на вработувања на партиските војници, активисти на Шарената револуција и активисти на невладиниот сектор на СДС/Сорос како лични советници на Зоран Заев“, рече Стојаноски.

Посочи дека лицата кои само до неодамна беа на платните списоци на разните невладини организации во рамките на фондацијата Сорос кои настапуваа во протестите и предизборната кампања на СДСМ, сега се платен список на Владата предводена од СДСМ, плаќањни од даночните обврзници, односо од со парите на сите граѓани на Македонија.

„Заев си ги вработи како свои советници Цветанка Ласкова, претседателка на форумот на жени на СДС, Ленче Николовска, поранешен пратеник на СДС, Митко Андреевски претседател на партиската комисија за енергетика, Дане Талески, поранешен член на Извршниот одбор на СДС. На списокот како посебни советници се најдоа и самопрогласените политички аналитичари Мерсел Биљали и Исмет Рамадани, како и активистите во невладиниот сектор на Сорос, Бојан Маричиќ и Марјан Забрчанец“, изјави Стојаноски.

Стојаноски кажа дека јавноста нема добиено одговор на каков начин и со кои критериуми се вработени овие лица и по колку пари месечно ќе се земаат за советување на премиерот Заев.

„Граѓаните очекуваат одговорно и транспарентно работење од владата на СДС и Зоран Заев. За СДС и Заев нема пари за зголемување на платите, пензиите и социјалната помош, но има пари за активистите од СДС како Ласкова, Николовска, Андреевски и Талески. За Заев и СДС нема пари за нови градинки, болници, училишата, нови спортски сали, патишта, но затоа има пари за згрижување на активистите во невладиниот сектор и политички аналитичари скриени зад параванот на Сорос/СДС како Маричиќ, Забрчанец, Рамадани, Биљали“, рече Стојаноски.