понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 59

Стојанов: Бугарија треба да е адвокат на Македонија во ЕУ

Бугарија треба да е адвокат на Македонија во ЕУ, бидејќи Софија нема поблиска држава од неа, оцени поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов.

petar-stojanov-bg

Поврзани вести

Бугарија треба да е адвокат на Македонија во ЕУ, бидејќи Софија нема поблиска држава од неа, оцени поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов.

Во последните шест месеци трипати се видов со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов по различни поводи и многу сум наклонет да верувам дека неговите зборови за Бугарија да ја прегрне Македонија се токму повик за поинтензивни односи меѓу двете земји, истакна Стојанов, одговарајќи на прашање на БГНЕС за тоа која е перспективата на билатералните односи меѓу двете земји.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во неодамнешното интервју за БГНЕС минатата недела повика на поинтензивни односи меѓу двете држави.

Бугарија е стара држава, со историја, со традиција, со самодоверба, со сегашност, која исто така, дава самодоверба затоа што е земја-членка на НАТО и ЕУ, објаснува Стојанов.

stojanov-ivanov

Од време на време треба да им простуваме на одредени македонски новинари и публицисти за ситните грешки поврзани со Бугарија, затоа што поблиска држава од Македонија немаме…Меѓу најважните улоги на Бугарија во ЕУ е да биде адвокат на Македонија во нејзините напори за членство во ЕУ, истакна поранешниот бугарски претседател и додава „немаме поблиска држава од Македонија“.

Што се однесува на миграциската криза и за опасноста низ Бугарија да минува новиот коридор за што предупредуваат некои членки на ЕУ, Стојанов потенцира дека неговата земја треба да биде подготвена и за таквата можност.

Дали ќе се случи тоа, тешко ми е да кажам, бидејќи веќе не сум во тековната политика. Имам впечаток дека државното и политичкото раководство на земјата го прави она што е потребно, смета поранешниот шеф на бугарската држава, додавајќи дека сепак Бугарите не треба да живеат во постојан страв.

Најчитани вести