Стојановиќ со демант за евентуалниот трансфер во Пелистер

Раде Стојановиќ ги демантира гласините за трансфер во Пелистер

Искусниот бек, кој ги мина последните неколку месеци во дресот на Металург каде ја консолидираше својата форма, ги демантираше гласините на одредени медиуми дека својата кариера ќе ја продолжи во битолски Пелистер.

„Не знам од каде се појавија ваквите шпекулации, јас сум на годишен одмор и добив бројни честитки за трансферот во Пелистер, иако воопшто не сум договорен со битолскиот клуб. Имаше само првични разговори, но се уште сме далеку од договор, исто како што сум далеку и со останатите македонски клубови што се интересираат за моите услуги. Мој приоритет во моментов e заминување во странство, ќе почекам уште дваесетина дена за разговори со заинтересираните тимови надвор од Македонија. Доколку не се договорам со нив, тогаш ќе размислувам за изборот на македонски клуб“ – изјави Стојановиќ.

Покрај Пелистер, сериозен интерес за овој ракометар искажува и тимот на Пролет, како и струмички Зомимак.