Стојановски: Институциите веднаш да реагираат на фалсификуваното поставување на Димовски во ССМ

Хаосот што се случи во ССМ со незаконскиот упад на лицето Дарко Димовски веќе од понеделникот продуцира секакви проблеми што можат во синдикалното функционирање на ССМ да се јават, вели на денешната прес-конференција Оливер Стојановски, претседател на Синдикатот на одбранбениот и безбедносен сектор (СОБС).

-Ослободителите на ССМ  по два часа, насилно влегоа во просториите на Синдикатот на одбранбениот и безбедносниот сектор, лицето кое тоа го направи и во чие владение моментално е просторијата, воопштво не е член на ССМ. Два часа откако влегоа, донесоа наредба со која забранија влез на претседателот на одбранбениот и безбедносниот сектор, двајца други претседатели и вработени. Образложението кое го дадоа е смешно и не постои правна основа за издавање на таква наредба од страна на претседателот. Се знае дека одлуките за било какво негативно работење на било кој синдикат тука ги носат ограните и телата, истакна Стојановски.

Дополнително, вели тој, згрозени сме од лагите кои ги шири дека сме изнесуваме документи во црни вреќи.

-Ова е спин невиден. Ова е срам и може да биде само изјава на некое лице со помрачен ум. Такво лице не треба да биде првото лице на овој синдикат и никогаш ниту може, ниту ќе биде. Ги повикуваме правните институции кои се должни да го спроведат законот веднаш да реагираат и овој фалсификат веднаш да се тргне од правниот промет, вели Стојановски.

Дополнително, додава тој, 13 здружени членки имаат дадено изјави во кои тврдат дека никогаш немало ниту иницијатива за смена на раководството, ниту совет на кој присуствувале.