Стојановски: Во периодот од 2009 до 2017-та се зголеми бројот манифестации во Македонска Каменица

Со доаѓањето на локалната власт во 2009 година, културата многу напредуваше. Во периодот од 2009 до 2017 година се зголеми бројот на манифестациите во општината Македонска Каменица, истакна директор на Културно информативниот центар во Македонска Каменица, Гоце Стојановски.

„Каменичко културно лето“ и „Бабина баница“, се само дел од културните манифестации кои традиционално се одржуваат во општината.

„Со реновирањето на кино салата е зголемен бројот на посетители, а се реконструираа и останати сали“, додаде Стојановски.

Насокоро се очекува во Домот на културата да се почне и со видео-проекција на долгометражни филмови.