Стојановски: Вработените во „Куманово Паркинг“ три месеци не зеле плата

Вработените во Јавното Претпријатие Куманово Паркинг веќе три месеци немаат земено плата и се под константен притисок, вели Мирослав Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во општина Куманово.

 

„28 вработени со решенија и уште 12 лица под договор немаат земено плата од месец август, а јавното претпријатие Куманово Паркинг веќе со месеци се дави во долгови единствено поради недомаќинското работење на менаџерите и негрижата од страна на локалната самоуправа на чело со Дамјановски и СДСМ. Да биде ситуацијата полоша, токму од месец август мнозинството од СДСМ во Советот изгласа скандалозна одлука со која близу 3 милиони денари од ЈП Куманово Паркинг ги пренамени за ЈП Куманово Гас“, вели Стојановски.

 

Со тоа наместо да се обезбедат плати за вработените во ЈП Паркинг, парите завршија во Куманово Гас, тврди Стојановски додавајќи дека Дамјановски става приоритет на Куманово Гас бидејќи има намера наскоро да го приватизира.