Стојкоски: Буџетот ја отсликува грижата на Владата за граѓаните

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски, на денешното продолжение на седницата на Комисија за финансирање и буџет истакна дека со Буџетот за 2015 година се опфатени најразлични категории на граѓани.

Стојкоски во својот говор пред комисијата се задржа на проетките од труд и социјална политика. Тој посочи дека оваа сфера има најголем буџет со предвидувањето што ја отсликува определбата на Владата за постојана и континуирана грижа за своите граѓани без разлика на која категорија припаѓаат.

Пратеникот наброја неколку проекти кои се во тек , а се однесуваат на детската заштита пред се со изградба и реконструкција на детски градинки во сите плански региони. Стојкоски ги издвои детските градинки во Ѓорче Петров, во Припор, во Дојран, во Босилово, во Виница како и набавената опрема за домот за слепи лица во Кисела Вода и опрема за домот за деца без родители “11 октомври”.

-За детската заштита во 2015 година предвидени се дополнителни 2 100 000 денари повеќе во однос на предходната година за изградба на детски градинки на целата територија на Република Македонија, рече Стојкоски.

Во рамките на оваа област Стојкоски спомна дека наредната година околу 301 илјада пензионери ќе добијат зголемување ана пензиите за 5 отсто, а бањско- климатската рекреација ќе продолжи со нови 1 100 корисници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.