Стојкоски: СДСМ здравството го остави во темнина и мрак!

Очекував од пратеникот од СДСМ Ален Георгиев пред се како лекар, да има барем малку повеќе доблест, меѓутоа за жал ги изневери моите очекувања и сметам дека денес има многу поактуелна тема околу која што би требало да дискутираме. За ова друштво на ујдисани и криминални луѓе кои на оваа слика се во друштво на вашиот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и кои продолжуваат да вршат терор и да вршат фалсификување на лични исправи.

Со овие зборови ја започна својата реплика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски по повод седницата наменета за интерпелација на министерот Никола Тодоров.

Потоа пратеникот Стојкоски се осврна и потсети на катастрофалните состојби во здравството во времето на СДСМ.

Колега Георгиев, не може да не убедувате дека нешто не чини, кога СДСМ во здравството остави темнина, остави мрак, остави дупка, потенцираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Стојкоски.

Во контекст на обвинувањата од страна на пратеницците од СДСМ во врска со условите во здравството, Стојкоски потсети и на голем број на конкретни проблеми со кои се соочуваа граѓаните во здравството во времето на владеење на СДСМ.

За време на владеењето на СДСМ, ќе ви прочитам само неколку наслови кои во тоа време пишуваа за катастрофалната состојба во здравството. Во 2003та година, Клинички центар без ехо кардиодијагностика за деца, во 2004та година, Лекарите од неврохирургија ќе престанат да оперираат бидејќи ги трошат последните инструменти за работа, во 2004та година, Здравството во Македонија во кома, пациентите со акутни мозочни удари не се хоспитализираат на клиниките поради немање место, заврши пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски.