Стојковски: Факт е дека се потребни промени во високото образование

Ректорот на скопскиот универзитет Велимир Стојковски на дебатата за реформите во високото образование во Собранието рече дека потребни се промени во високото образование и тоа е факт.

– Треба да се разговара за да се подобрат работите. Можеби треба да се размислува да се донесе нов закон за образование со вметнати сите измени до сега. За болоњскиот процес не е крив ниту министерот, ниту универзитетот. Секој си го толкува кој како сака. Имаме индиција која е заедничка, да имаме поквалитетно образование, рече Стојковски.

Ректорот нагласи дека никој не е против промени, потребна е подолготрајна дебата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.