Стојковски изрази задоволство од поканата за Интеруниверзитетската конференција

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претседател на Интеруниверзитетската конференција Велимир Стојковски  изрази задоволство што Министерството за образование и наука ја прифати поканата за заедничка средба во врска со предложените реформи во високото образование.

„Универзитетите во Република Македонија како членки на Европската асоцијација на универзитетите, Светската асоцијација на Универзитетите и потписници на Magna Charta Universitatum, секогаш се залагале за квалитетно образование согласно европските и светски стандарди. Оттука, како академска заедница секогаш сме биле и ќе бидеме отворени и подготвени за разговор и дебата по сите прашања во насока на подобрување на квалитетот на високото образование“ , се вели во соопштението упатено по повод поканата што денеска Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука ја упатија до Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија.

Инаку денеска Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука доставија покана до членовите на Интеруниверзитетската конференција за организирање средба за размена на мислења и аргументи за квалитетно образложување на реформите и дебата.