Македонија

Стојковски: Работата во Мисијата на ОБСЕ во Таџикистан е полна со предизвици

Стојковски: Работата во Мисијата на ОБСЕ во Таџикистан е полна со предизвици

Речиси две и пол години припадникот на граничната полиција на Република Македонја Горанчо Стојковски работи во Мисијата на ОБСЕ во Таџикистан на позицијата Советник за граничен менаџмент.

Професионалниот предизвик да се пренесе знаењето и искуството во трансферот на граничната безбедност од армиска во полициска структура и да се подржи имплементацијата на Националната Стратегија за Интегрирано гранично управување слично како што беше сторено во Македонија и другите балкански земји пред десетина години, биле пресудни за Горанчо при аплицирањето на позиција во склоп на ОБСЕ во оваа далечна земја во 2012 година.

Уште од самиот почеток работата е исполнета со големи предизвици, поврзана со комплицираната гранична состојба во регионот на Централна Азија и со соседите со кои граничи Таџикистан, вклучувајќи ја и 1.340 километри долгата граница со Авганистан, но и неутврдените граници со Узбекистан, Киргистан и Кина. Слабо обученета и опремена Национална Гранична Служба и другите безбедносни агенции вклучени во граничната безбедност секојдневно се соочени со бројни предизвици, почнувајќи од тешко пристапниот терен на кој се протега границата а кој вклучува и пустински реони но и планински врвови со висина над 5.000 метри, ограничена инфраструктура и постојани инциденти и судири со организирани криминалнии групи, шверцери со дрога, радикални исламистички и терористички групи и инциденти со соседните гранични служби и население, поврзани со неутврдената граница и етнички проблеми кои се во постојана закана од ескалација.

Во ваква ситуација, Мисијата на ОБСЕ во Таџикистан реагира со развивање на програма за подршка на Граничната и Царинската Служба, во која Горанчо Стојковски е вклучен како Проектен менаџер во дизајнирањето и имплементацијата на неколку проекти како што се Проектот за Патролен менаџмент и лидерство дизајниран за заедничка обука на Националната гранична служба на Таџикистан и на Граничната полиција на Афганистан, Проект за изградба на Царински Терминал за стоките кои влегуваат од Кина, кој се наоѓа на надморска височина од 4.200 метри, Проект за воспоставување на Заедничка канцеларија за врски помеѓу граничните служби на Таџикистан, Киргистан и Афганистан и подршка на Колеџот за Гранична Безбедност на ОБСЕ кој функционира во склоп на мисијата и на кој според највисоки сведски стандарди се образуваат офицери од 68 земји во светот, вклучително досега и над 15 припадници на Граничната полиција и Царинската управа на Република Македонија.
Сите овие активности и проекти на кои Горанчо Стојковски и ОБСЕ работат со одличен успех во изминатиот период се високо вреднувани и одлично прифатени од националните безбедносни и гранични агенции, за што во Јули 2014 година Горанчо е одликуван од страна на Командантот на Националната Гранична Служба со медал за заслуги за развојот на безбедноста во Република Таџикистан, а во склоп на Мисијата на ОБСЕ е унапреден на позиција Раководител на Одделот за Граничен Менаџмент.