Стојковски: Со новиот концепт на Законот за високо образование ќе бидат задоволни сите страни

Изготвен е предлог – концептот на Законот за високо образование, кој со мали забелешки бил прифатен и од Mинистерството за образование и наука, соопшти денеска ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски на одбележувањето на патрониот празник на универзитетот.

Тој смета дека од овој концепт треба да бидат задоволни сите засегнати страни.

„Концептот се заснова на основните постулати на академската слобода, функционирање и поставеност во општеството на сите универзитети во Европа. Не иновираме, измислуваме нешто локално, за нас, туку ги преземаме позитивните практики од развиените европски земји. Тоа ќе биде закон којшто ќе се базира на универзитетска автономија, финансиска автономија, автономија во наставните програми и некои други елементи. Се разбира дека финалната верзија ќе си го каже своето, но ова како што е поставен концептот сметам дека сите треба да бидат задоволни“, изјави  Стојковски.

– See more at: http://www.radiomof.mk/stojkovski-izgotven-e-predlog-konceptot-na-zakonot-za-visoko-obrazovanie/#sthash.gmisTlPv.dpuf

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.