Македонија

Стоката од Македонија со еден документ ќе патува низ 34 земји

Стоката од Македонија со еден документ ќе патува низ 34 земји
Стоката од Македонија со еден документ ќе патува низ 34 земји

Извозни компании од Македонија од денеска ќе може само со еден транзитен документ да превезуваат стока низ 34 земји ЕУ, ЕФТА и Турција.

Ова е овозможено со пристапувањето на Република Македонија кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стоки, со што Македонија станува и чекор поблиску кон интеграцијата во Европската унија.

Како што беше посочено на денешната прес-конференција во Царинската управа на Република Македонија, конвенциите обезбедуваат единствено движење на стоката во рамки на земјите членки од една влезна точка до местото на завршување на транзитната постапка, без разлика на тоа низ колку држави и гранички премини стоката треба да транзитира.

Стоката од Македонија со еден документ ќе патува низ 34 земји
Стоката од Македонија со еден документ ќе патува низ 34 земји

Како што појасни директорката на Царинската управа Наташа Радеска Крстевска електронската транзитна декларација со која е започната транзитната постапка во која било земја членка на Конвенцијата е прифатлива за сите земји членки.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес-конференцијата во Царината истакна дека Конвенцијата значи побрз проток на стоката што позитивно ќе влијае на конкуреноста на македонската економија и трговската размена со земјите членки на оваа Конвенција, пренесува МИА.

Стоката од Македонија со еден документ ќе патува низ 34 земји
Стоката од Македонија со еден документ ќе патува низ 34 земји

– Кога станува збор за интеграција на Македонија во ЕУ станува збор за подгинување на стандарди и реализација на активности кои ќе ја подобрат позицијата и конкуреноста на земјата. Токму ова е една таква активност и сите мерки и активности што се презедоа значат подигнати стандарди на работењето на Царинската управа во овој сегмент и активност од која ќе имаат корист и компаниите, рече министерот за финансии.

Тој појасни дека за компаниите ова значи намалување на времетраењето на чекање на границата, намалени трошоци од аспект на превозот на стоката и времето и олеснување на постапката.

Верува дека македонските компании ќе ја искористат оваа можност и ќе се вклучат активно во користењето на заедничката тарнзитна постпака.

Тој додаде дека Македонија е прва земја од земјите во Западен Балкан која пристапува кон Конвенцијата во која пристап имаат 34 земји, односно 28-те земји членки на ЕУ, членките на ЕФТА – Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија и Турција.

Посочи дека Македонија конечно по долги години труд и макотрпна работа стана членка  и оти со тоа од денес Македонија е на чекор поблиску кон интеграцијата во ЕУ.

Со заедничката транзитна постапка движењето на стоката е полесно и побрзо, царинските формалност се поедноставни и транзитот е поефикасен. За царинската служба, како што вели директорката, со заедничката транзитна постапка се подобрува системот за превенција и полесно се откриваат измамите, а безбедноста при спроведувањето на транзитните операции е зголемена.

Пристапувањето кон заедничкиот транзитен систем значи усогласување на законодавството, обука на цариниците и економските оператори, како и развивање на софтвер кој ќе може да се поврзе со сите земји членки на Конвенцијата, а кој е развиен со три милиони евра финансиска поддршка од ЕУ преку програмата ИПА 2008 и 0,5 милиони евра учество на Владата на Република Македонија.