Македонија

Столб на ЕВН Македонија во опасност да падне во Драчево

Столб на ЕВН Македонија во опасност да падне во Драчево

ЕВН Македонија интензивно работи на обезбедување непречено снабдување со електрична енергија во населба Драчево. Поради лизгање на земјиштето предизвикано од градежни активности од трето лице во опасност да падне е 110 кВ столб на трасата од Трафостаница Скопје 4 (400/110 кВ ) кон Трафостаница Драчево 1 (110/10 кВ). Без напојување може да останат населените места Драчево, Батинци, Љубош, Количани, Китка, Црвена Вода, Алдинци, Караџица, Солунска глава, Палиград, Цветово и Варвара.

ЕВН Македонија ги извести сите надлежни и засегнати од можноста столбот да падне и да предизвика прекин во снабдувањето со енергија, но и застој во сообраќајот на регионалниот пат  Скопје – Драчево во делот на клучката кон населеното место Батинци. Екипите на ЕВН Македонија постојано се на терен,  се прават напори корисниците да се снабдуваат од други напојни точки. Затоа апелираме на разбирање од корисниците за евентуалните можни прекини во снабдувањето и на разунмо користење на електричната енергија додека трае санирањето на столбот.

За ситуацијата се известени Центарот за исвестување и тревога на РМ, како и надлежните кои треба да преземат соодветни мерки кон предизвикувачот на лизгањето на земјиштето.

ev

e