Столтенберг: Бегалците спасени во Егејското море ќе ги враќаме во Турција

Бегалците што ќе бидат спасени во Егејското Море од страна на силите на НАТО ќе бидат вратени во Турција, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Поморската мисија на НАТО во Егејското Море нема да ги пресретнува бродовите со мигранти, но треба да реагира доколку забележи дека некои од нив се во неволја.

Во случај на спасување на лицата што доаѓаат преку Турција, тие ќе бидат вратени во Турција, рече Столтенберг.

Столтенберг: Бегалците спасени во Егејското море ќе ги враќаме во Турција
Столтенберг: Бегалците спасени во Егејското море ќе ги враќаме во Турција

Бродовите на НАТО оперираат заедно со европската гранична агенција Фронтекс со цел да се справат со криумчарењето мигранти и да им помогнат на турските и грчките крајбрежни стражи.

Задачата на НАТО не е да ги враќа бродовите. Ќе обезбедиме неопходни информации за да им овозможиме на грчките и турските крајбрежни стражи, како и на Фронтекс да ја вршат нивната работа што е можно поефективно, вели тој.

Инаку над 400 лица го загубија животот во обид да стасаат од Грција во Турција во првите два месеци од годинава, според податоците од Меѓународната Организација за миграција, а повеќе од 102.000 успеале да стасаат до грчките острови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.