Македонија,Балкан

Столтенберг: КФОР ќе остане на Косово

Столтенберг: КФОР ќе остане на Косово

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека КФОР ќе остане на Косово.

– Немаме план да заминеме. Улогата на КФОР во осигурувањето безбедност на Косово е важна, рече генералниот секретар на Алијансата.

Столтенберг појасни дека промената на мисијата зависи од состојбата на теренот.

– Промената на нашата мисија зависи од состојбата на теренот. Тоа засега не е на агендата. Ја следиме состојбата, а сега таа е таква што присуството на НАТО е потребно, рече Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Одговарајќи на прашањето како го коментира ставот на албанските политичари дека КФОР е пречка за формирање косовска војска, шефот на НАТО рече дека „каква било промена во врска со косовските безбедносни сили мора да биде исклучиво во согласност со косовскиот Устав“.